Сред пандемија, 1.200 деца и 4.000 возрасни од Шуто Оризари оставени без основна здравствена заштита

Поради заминувањето во пензија на двајца матични лекари, речиси 1.200 деца и 4.000 возрасни од Шуто Оризари се оставени без основна здравствена заштита веќе 2 месеци, сред пандемија. На целата територија на општината по 17 часот, освен еден лекар и две медицински сестри во ПЗУ Интергин нема друг медицински персонал.

Со заеднички реакција, 12 здруженија кои работат на унапредување на здравствениот статус на Ромите, алармираат за како што велат, неодговорното однесување на институциите кон заштитата на здравјето на граѓаните од оваа општина.

Пред повеќе од еден месец, здруженијата побараа итно решение на проблемите. Но, до денес добиле само негативен одговор од Здравствен дом – Скопје, додека реакција се уште чекаат од Министерството за здравство и Фондот за здравствена заштита.

Тие бараат итно да се назначат нови матични лекари и педијатар во општината Шуто Оризари. Потоа, обезбедување на минимум услови за соодветно функционирање на поликлиниката Шуто Оризари со итно назначување на раководно лице кое ќе го организира работењето на поликлиниката во согласност со потребите на граѓаните.

„Апелираме надлежните институции повеќе да не го игнорираат здравјето на граѓаните од Шуто Оризари и бараме итно да ја обезбедат нивната здравствена заштита особено во екот на третиот бран од ширење на заразата со Ковид-19, која е со животно- загрозувачки последици за граѓаните кои немаат соодветна здравствена заштита“, стои во реакцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот