Среброто повторно е во мода: Во време на криза се инвестира во благородни метали

Во време на економска несигурност, луѓето вложуваат во инвестиции кои традиционално се најбезбедни.
Историјата покажа дека најдобрата заштита е во благородните метали како златото и среброто, но во време на економски кризи златото секогаш е најпопуларно, додека среброто е во „сенка“. Се поставува прашањето колку е тоа оправдано.
Во минатото за среброто се говорело дека е злато на „малиот“ човек, а во некои делови од историјата двата метала се третираат исто во трговската размена. Но, во 1983 година, среброто ја губи својата вредност во однос на златото и до денес оваа состојба е непроменета.
Во март оваа година, разликата во цената на среброто и златото беше 1:126, односно златото за 126 пати беше повредно од златото. Досега среброто на два пати му се доближило на златото и тоа за време на големите инфлаторни кризи во 1919 и 1980 година.
Но, светот повторно е на прагот на нова инфлација, па може да се очекува голем скок на вредноста на среброто. Во моментов разликата со златото е 1:81, што значи дека веќе се направени големи инвестиции во среброто. Според некои проценки би можело набргу и сребрените залихи да се зголемат за пет пати, што би значело и враќање на стариот сооднос со златото од 1:1,15.
Треба да се има в предвид дека постојано се зголемува и потражувачката на среброто во индустриски цели, бидејќи овој метал е незаменлива компонента од голем број на уреди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот