Срцев удар најверојатно е причината за угинувањето на жирафата Тобого

Фото: facebook

Срцев удар најверојатно била причината за угинувањето на жирафата Тобого, која во Зоолошка градина  во Скопје живееше од  5. ноември 2013 година.

-Направена беше обдукција при што не беа констатирани физички повреди. Во наредните десетина дена, очекуваме да ги добиеме резултатите од крвната анализа, по што, точно ќе се знае од што угинало животното. Сепак, се претпоставува дека причината за смртта е срцев удар – вели Ѓорѓи Галетановски, Директор на Зоолошката градина.

Според него, пред да настапи смртта, животното не давало никакви знаци дека нешто не е во ред. Се хранело нормално и немало намален апетит.

Телото на Тобого ќе биде погребано во дворот на Зоолошката градина.

Инаку жирафата Тобого беше родена во Франкфурт на 9. декември 2010 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот