„Срцето ми е скршено, но вака е подобро“: Џеј Ло ја откажа свадбата со Алекс Родригез!

профимедиа

Џенифер Лопез откри како се чувствува во врска со одложената венчавка на неодредено време поради коронавирусот. Лопез требаше да се венча со Алекс Родригез и наводно имала големи планови за венчавката која требаше да се случи ова лето во Италија.

„Никој не знае кога ќе биде“, рекла Лопез за датумот на својата венчавка во едно интервју и додала:

„Вистина е, моментално нема планирање. Само морате да почекате и да видите како се ќе се одвива. Разочарувачки е на едно ниво, знаете после „Super Bowl“ и „World of Dance“, планиравме да се одмориме, што е токму тоа што го правиме во моментов, но во исто време имавме и многу планови за ова лето и општо оваа година. Сега се е некако на чекање“

Џеј Ло додала дека се чувствува загрижено и постојано мисли на тоа што ќе биде со нејзината венчавка.

„Малку ми е скршено срцето, бидејќи имавме некои големи планови, но и јас сум таква, знаете што? Бог има поголем план, па едноставно мораме да почекаме и видиме“, рекла пејачката и истакнала:

„Можеби тоа ќе биде подобро. Морам да верувам дека така ќе биде“

Извор за американските медиуми открил дека венчавката на Џеј Ло и Алекс била испланирана уште на почетокот на оваа година и се било платено.

„Сега се мораа да одложат поради коронавирусот, но пејачката сака да се венча со Алекс веднаш штом работите се вратат во нормала. Таа сака да ја прослави нивната љубов пред семејството и блиските пријатели“, навел изворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот