СРЦЕ НА ТЕРЕН: Нека продолжи победничката традиција! (ВИДЕО)

ffm.mk

И покрај тоа што ќе недостасуваат Барди и Велкоски, селекторот е сигурен на теренот ќе излезат 11 подготвени фудбалери, спремни за борба и игра и за она што сите го посакуваме.

– Не се сомневам во моите фудбалери. Не ме интересира во моментов табелата, размислувам само како да ја добиеме Словенија. Размислувам од меч во меч, прво Словенија, а потоа Полска – се зборовите на стратегот на сениорите, Игор Ангеловски.

Горан Пандев, еден од најискусните ветува дека заедно со неговите репрезентативни колеги ќе „изгинат“ на теренот.

– Очекувам голема поддршка од трибините, се надевам дека ќе дојдат луѓето што нè сакаат. Не бараме којзнае колкава бројка, само да добиеме вистинска поддршка од луѓе што ја сакаат репрезентацијата на Македонија – се зборовите на капитенот.

Првиот натпревар го одигравме токму против Словенците на гостински терен кога триумфиравме со 1:4, потоа во пријателски мечеви на домашен терен двапати славевме со 2:0 и 3:2, а еднаш во контролен дуел загубивме на гости со 1:0.

Годинава на 24 март во сегашните евроквалификации ремизиравме 1:1 во Љубљана. Доколку се погледне досегашната традиција на домашен терен, не би било лошо истата да продолжи победнички.

Средбата на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје меѓу селекциите на Македонија и Словенија ќе се игра денеска од 20:45 часот. Главен судија е Дени Макели од Холандија.

Квалификации за ЕП 2020

Група „Г“ (7. коло)

20.45 часот
Австрија-Израел
Македонија-Словенија
Летонија-Полска

Табела:

1.Полска 13 бодови
2.Словенија 11
3.Австрија 10
4.Македонија 8
5.Израел 8
6.Летонија 0

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот