Срце јуначко, Вардар во финале

Фото EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Вардар продолжува да испишува историја во европскиот и во македонскиот ракомет. Вардарци успеаја да ја совладаат Барселона со 29:27 и утре против Веспрем ќе се борат за втората титула во Лигата на шампионите.

Историјата се повтори и годинава, откако пред две години Барселона беше пречката пред Вардар во походот кон европската титула, и повторно падна во полуфиналето иако важеше за голем фаворит.
Но варварци покажаа дека фаворити постојат само на хартија.

Сега успехот на Вардар е поголем, избраниците на Роберто Гарсија Парондо успеаја да се надминат себе си во второто полувреме и негативата на полувремето од седум голови (9:16) благодарение на фанатичната игра во одбраната каде фанстатично диригираше голманот Дејан Милосављев со 18 одбрани, направи историски пресврт и се пласира во финалето.

Јунак во нападот беше Криштопанс со десет постигнати голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот