Србите револтирани: Се бара истрага за полициската акција на протестот, во кој одредени групи предизвикаа инциденти

Демонстрантка со раката обоена во црвена боја, симболизирајќи крв, извикува пароли кон полицаец, за време на протестот за поддршка на жртвите од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад/EPA-EFE

Граѓанските иницијативи бараат истрага за начинот на кој полицијата се однесуваше на протестот во Нови Сад

Демонстрантите маршираа до Министерството за градежништво во знак на протест поради неодамнешната несреќа во Нови Сад/ЕPA-EFE

Граѓанските иницијативи побараа итна, непристрасна истрага за полициската акција на протестот во Нови Сад и одговорност за сите кои придонеле за несоодветната полициска акција.

Тие апелираа до властите итно да воспостават механизми за отчетност во институциите за да им се овозможи на граѓаните да имаат право на дијалог и ефикасно спроведување на правдата без страв од репресија.

Демонстрантка со раката обоена во црвена боја, симболизирајќи крв, извикува пароли кон полицаец, за време на протестот за поддршка на жртвите од уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад/EPA-EFE

„Државата има обврска кон граѓаните да ги почитува и штити нивните права на мирни собири и изразување на нивното мислење, а граѓаните на Србија заслужуваат институции кои работат одговорно и транспарентно во нивен интерес“, се наведува во соопштението.

Тие изјавија дека на протестите во Нови Сад мирно и достоинствено се собрале граѓани, изразувајќи тага и незадоволство поради трагичната смрт на луѓето на железничката станица во Нови Сад, пренесува N1. 

Демонстрантка со раката обоена во црвена боја, симболизирајќи крв, плаче за време на протестот/EPA-EFE

„Меѓутоа, и покрај јасно наведената посветеност на граѓаните и организаторите за мирен собир, некои групи предизвикаа инциденти и го оттргнаа вниманието од оправданите барања на граѓаните. Полицијата во цивилна облека, честопати без да покаже легитимација, не ги апсеше видно членовите на насилната група, туку мирно собираше граѓани со употреба на прекумерна сила“, велат од граѓанските иницијативи.

Оттаму додаваат дека протестот и гневот на граѓаните е директна последица на длабокото незадоволство од хроничниот недостаток на институционална одговорност и транспарентност во Србија.

Граѓаните бараат правда, маскирани лица фрлаа петарди: Вучиќ протестите ги нарече грозоморни и им даде политички предзнак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот