Србите по ремито „удрија“ по Пикси: Игравме без селектор!

Фото: EPA-EFE/Rolex dela Pena

Репрезентацијата на Србија денес одигра реми 3:3 против Камерун во дефинитивно најинтересниот натпревар на Мундијалот. Србија прво губеше со 1:0, па дојде до 1:3, сепак дозволи Камерунците со два брзи гола да го изедначат резултатот.

Србија по третиот гол на Камерун не создаде многу прилики за гол, дел од играчите како Митровиќ и Костиќ изгледаа уморно, но сепак останаа до крај или беа заменети пред самиот крај, како Костиќ. По ова реми главен на удар на јавноста е селекторот Пикси. 

Првите јавни критики до Пикси ги испрати стручниот коментатор и аналитичар на „РТС“ Раде Богдановиќ.

„Од сај до очај…Кога немаш физичка спремност, немаш ни дисциплина, ни концентрација. Размислував…Ние одигравме натпревар без селектор на клупата. Никогаш претходно не сум видел некој на ваков начин да води натпревар. Ужасно. Да играте со петмина пресинг како тренер морате да размислувате и во одреден момент да ја спуштите топка, физичката спремност не беше добра. Мојот миленик Павловиќ се повреди и од тој момент се тргна во надолна линија. Фудбалерите не се виновни, селекторот не го водеше добро натпреварот“’, смета Богдановиќ.

Слични се мислењата и на јавноста…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот