Србите масовно купуваат имоти на Халкидики, минатата година продадени 15.000 станови

Граѓаните на Србија масовно купуваат станови во грчките одморалишта. Само на Халкидики во текот на минатата година Србите купиле околу 15.000 имоти. Освен во Грција, моментално голема побарувачка за станови има и во италијански Трст како и на бугарското приморје, бидејќи зградите се поевтини од оние на грчкото приморје. Во исто време постапките не се разликуваат значително од оние што се однесуваат на локалното население, пренесуваат српските медиуми.

Иако Трст е една од дестинациите каде што се повеќе граѓани на Србија купуваат станови поради поволните цени, Грција е земјата во која Србите минатата година купиле неверојатен број на недвижности.

– Србите најмногу купуваат станови, а просечната цена е од 1.350 до 2.000 евра за метар квадратен. Тоа е пониска цена на становите во Србија – истакнува Александра Јовановиќ, агент за продажба на станови во Грција, пренесува РТС.

Медиумите пишуваат дека доколку сакате да купите стан во Грција, освен пари, треба да најдете добра агенција која ќе посредува при купувањето. Иако можноста за двојна продажба е минимална, агенциите имаат преведувачи, адвокати и контакти со нотари се со цел да се избегнат можните измами.

„Кога купувате недвижен имот, плаќате данок од три проценти. Поточно, стан од 55 квадрати во центарот на Солун, кој го поседував и го продадов минатата недела, има годишен данок од 140 евра“, вели Јовановиќ.

Цените на недвижностите во Италија се под влијание на повеќе фактори, а има и случаи кога е поевтино да се купи стан во Милано отколку во Белград. Но, цените во Италија се нешто повисоки од оние во Грција, а процедурите исто така се покомплицирани.

За воопшто да купите недвижен имот, потребно е дозвола за престој, освен ако не сте живееле во Италија повеќе од три години. Доколку сте само повремено во оваа земја, мора да поседувате договор за реципроцитет. Цената повторно зависи од неколку фактори, наведуваат медиумите.

Дописничката на РТС Сања Лучиќ од Италија вели дека просечната цена на недвижностите во таа земја е околу 1.855 евра.

„Меѓутоа, тие драстично варираат од север до југ на земјата, од делови на градот, како и на која енергетска класа припаѓа станот и многу други фактори“, објаснува Лучиќ.

Инаку Србите се почесто избираат да купуваат недвижности во Бугарија, најмногу во градовите покрај море, бидејќи недвижностите се поевтини дури и од оние во Грција. Постапките не се разликуваат значително од оние што се однесуваат на локалното население во земјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот