Србите максимални на подготовките пред Мундобаскет

фото: eurohoops.com

Српската репрезентација на перфектен начин ги заврши подготовките пред настапот на Светското првенство во Кина. Кошаркарите на Србија на генералката пред Мундобаскетот ја победија силната Франција со 61:56 и дојдоа до 10 победи во 10 натпревари. Тие се единствената репрезентација која не доживеа пораз на подготовките пред стартот на СП.

Натпреварот помина во израмнета игра со максимална неизвесност во текот на сите 40 минути, но со слаба реализација во нападот. Дел од причините за послаба игра на двете репрезентации беше отсуството на неколку клучни кошаркари, селекторот Ѓорѓевиќ ги одмораше Немања Бјелица, Богдан Богдановиќ и Владимир Лучиќ, додека Франција настапи без својот најдобар играч, Нандо де Коло.

Во неизвесната завршница како поумешни се покажаа српските кошаркари кои со поените на Стефан Јовиќ за 60:54 ја обезбедија победата, откако со одлична игра во одбраната не и дозволија на Франција дури четири минути да не постигне поени од игра. Мирослав Радуљица со 13 поени беше најпрецизен во таборот на Србија, додека Никола Јокиќ уфрли 10 поени.

Уште еден фаворит за медал, селекцијата на Шпанија победнички ги заврши подготовките. „Црвената фурија“ без Марк Гасол ја совлада Аргентина со 84:76, а најзаслужен за триумфот беше Рики Рубио со 28 поени од кои дури 17 даде во последната четвртина.
Литванија со тесни 82:79 ја совлада Чешка, а Грција со 74:51 славеше над Доминканската Република.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот