Србите хит на социјалните мрежи по синоќешната Евровизија: Од оваа година ќе одиме на одмор во Македонија

epa-efe
epa09215954 Hurricane from Serbia with the song 'Loco Loco' performs during the Second Semi-Final of the 65th annual Eurovision Song Contest (ESC) at the Rotterdam Ahoy arena, in Rotterdam, The Netherlands, 20 May 2021. Due to the coronavirus (COVID-19) pandemic, only a limited number of visitors is allowed at the 65th edition of the Eurovision Song Contest (ESC2021) that is taking place in an adapted form and consist of two semi-finals, on 18 and 20 May, and a grand final on 22 May. EPA-EFE/ROBIN VAN LONKHUIJSEN

Српските претставнички „Hurricane“ кои беа апсолутен фаворит од Балканот воодушевија со својот настап во финалето на Евровизија, како и во полуфиналната вечер, но за жал, го освоија 15-то место.

Се натпреваруваа 39 земји, нашиот пласман е фантастичен. Пресреќни сме. Секако, на секој му е жал ако не постигне висок пласман. Иако, ако не сте во првите 3, тоа е како ништо да не се случило. Ние сме многу задоволни од нашите перформанси и знаеме дека Србија е многу горда на нас“, изјави Сања од „Hurricane“ по големото финале пренесува „Телеграф.рс“.

epa-efe
EPA-EFE/ROBIN VAN LONKHUIJSEN

Тие добија гласови од само три земји и тоа: 12 поени од Македонија, 7 поени од Хрватска и 1 поен од Албанија. На крај, Србија заврши со 102 поени – 82 од публиката и 20 поени од стручното жири.

Имајќи предвид дека 12 поени од нашата држава отидоа токму кај „Hurricane“, на социјалните мрежи следеа урнебесни реакции.

Во прилог реакции од „Твитер“:

 

Видео на денот