Србите гневни на цените на тоалетната хартија, се продава и за 1.499 динари

Принтскрин Инстаграм

Србите на „Инстаграм“ останаа гневни откако се појави фотографија за која тврдат дека е нов рекорд на цената на тоалетната хартија во земјата. Имено, 16 парчиња тоалетна хартија чинат дури 1.499 динари, или 780 денари, пренесува српски „Курир“.

Овој артикл за една година во Србија поскапел од 11 на 122 отсто, во зависност од квалитетот, производителот и пакувањето, но речиси секојдневно на социјалните мрежи низ таа земја се појавуваат коментари од гневните граѓани кои се шокирани од цената на тоалетната хартија.

Последната објава предизвика лавина негативни, но и комични коментари од загрижените потрошувачи..

„Поевтино ни е да си купиме нови гаќи“ пишува во еден коментар.

„Колку подобро се миете со вода, толку е почисто и поекономично“, стои во друг коментар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот