Србиновска: Интегра ќе им помогне на лицата со посебни потреби да го најдат своето место во општеството

Фото: МИА

Виолета Србиновска, носител на листата со кандидати за пратеници од Интегра македонска конзервативна партија во ИЕ 6, денеска оствари средби со здруженијата на граѓани со оштетен вид и слух.  Средбите со граѓанските здруженија ги направи заедно со Љупчо Спасески, координатор за шестата изборна единица.

– Денес остваривме средба со лицата со посебни потреби, со Здружението на слепи и Здружението на глуви лица, да ги слушнеме нивните проблеми со кои се соочуваат во секојдневното живеење и нивните потреби. Јас како носител ќе се залагам во иднина да нивните проблеми и потреби на секој можен начин да бидат решени и да им биде олесното секојдневното живеење. Да успееме да се социјализираат и да си го најдат своето место во општествениот систем – истакна Србиновска.

-Особено ми претставува чест и задоволство што тука во Тетово остваривме средба со лицата со посебни потреби. Интегра македонска конзервативна партија во својата програма има посебен приоритет и во првите 100 дена од нашето владеење ќе ги ревидираме сите закони така да на лицата со посебни потреби им го дадеме она што им следува, она што во последните 30 години не го остварија – рече координаторот Спасевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот