Србинка со бебе била заглавена во ДЕНЕШНИОТ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД: Требала да се качи во воз, а потоа почнал ПЕКОЛ (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин/Профимедиа

Денеска во Хале, Германија се случи терористички напад кога непознато лице неколкупати пукало во Синагогата и потоа побегнало.

Српската државјанка И.С. останала заробена заедно со своето бебе на железничка станица во Хале, која била блокирана поради терористичкиот напад.

Таа требала да тргне со воз за Берлин, а потоа да фати авион за Белград. При пукањето пред синагогата во германскиот град Хале убиени биле најмалку две лица. Полицијата потврдила дека приведен бил напаѓачот Стефан Балиет (27), а затворени биле делови од градот, како и железничката станица на која била Србинката (35) со бебето во раце, која планирала со авион да се врати во Србија.

– Дојдов на железничката станица во Хале, за да фатам воз за Берлин од каде имав лет за Белград. Дојдов тука околу еден часот, а минута пред поаѓањето на возот јавија дека железничката станица е затворена поради пукање кое се случило во градот – изјавила за Телеграф И.С. која случајно била во градот, а не очекувала дека обичен ден и рутинско патување ќе се претвори во драма.

– Имав фиксиран датум за враќање во Белград, така што ми рекоа дека картата важи само за овој лет. Во случај на пропуштање на летот, мора да се купи нов билет. Објаснив дека станува збор за непредвидена околност и дека на тоа никој не може да влијае, но не смени ништо тоа. По новите правила, доколку имате фиксиран датум и време на билетот, морате исклучиво тогаш да полетате – рекла И.С. која во Германија била во посета на пријателите.

– Бебето е добро, спие цело време, не е свесно што се случува, вели таа.

Пукањето во Хале се случило во раните попладневни часови, а животот го загубиле две лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот