Србинка клоцала и навредувала луѓе во воз во Германија бидејќи ја замолиле да носи маска

Напад со нож во воз во Баварија/ Фото: EPA-EFE/HAYOUNG JEON

Во воз на железницата во Минхен 22-годишна девојка за која полицијата наведува дека е родена во Србија нападнала 28-годишен маж после расправа околу носењето маска.

Како што пренесува „Велт“, мажот ја замолил да стави маска, по што таа му возвратила со навреди и го шутнала во стомак .

Како што е соопштено, мажот притоа се здобил и со посекотини на раката.

Истата девојка клоцала и припадници на обезбедувањето во возот кои се вмешале во конфликтот, при што повредила и еден од нив.

Полицијата потоа соопштила дека таа имала 2,66 промили алкохол во крвта и дека ќе биде покрената истрага против неа заради навреди и нанесување на телесни и материјални штети. Покрај тоа, таа ќе мора да ја плати и казната која следи заради кршење на мерките за заштита од зараза со коронавирус.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот