СРБИНКА ЈА ГРИЗНАЛ КОЊ ВО СУТОМОРЕ! На лекарите не им се верувало!

Во домот за здравје во Бар е потврдено дека неименувана жена од Србија ја гризнал коњ!

„Се враќав од плажата Штрбина. На ливадата имаше неколку коњи. Еден Русин одеше пред мене, му пријде на коњот, го погали и помина. Јас поминав но изненадувачки почувствував некој удар одзади, непријатна и силна болка во пределот на грбот. Во моментот не знаев што ме снајде. Инстиктивно со раката се фатив за болното место. на прстите имав траги од крв. Ме гризна коњ“, раскажува жената и додала дека веднаш отишла на лекар.

Присутните лекари со неверување ја гледале.

„Кога се пожалив повеќето луѓе ме гледаа со неверување, а некои и се насмеаја. Мене не ми беше до смеење“, се жали жената која вели дека во Сутоморе има многу кучиња скитници и добиток.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот