Србин во Виена се самоубил додека полицијата го апсела

Србин на возраст од 25 години извршил самоубиство во Виена и тоа во моментот кога полицијата го уапсила, а откако побегнал поради возење во алкохолизирана состојба, пишуваат српските медиуми.

Според овие информации, полицијата утрово го стопирала Србинот, кој бил кооперативен и дури признал дека е пијан.

Меѓутоа набргу потоа се обидел да побегне со автомобилот, по што следувала вистинска потера, слична на оние во холивудските филмови.

На крај полицијата успеала да го фати, а при апсењето тој извршил самоубиство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот