Србин со автомобил влета во центар за мигранти: Не сакам мојата девојка да биде нападната од мигранти (ВИДЕО)

Србин од Обреновац со иницијали Ф.Р. бил уапсен откако со автомобил насилно влетал во центарот за мигранти во овој град, кој го чува армијата, јавуваат српските медиуми.

Инцидентот се случил околу 19 часот, при што човек се пробил низ барикадите поставени на влезот во кампот и со голема брзина возел низ него, гласно викајќи и снимајќи во живо на „Фејсбук“.

„Не сакам мојата девојка да биде нападната од мигранти. Не сакам муслиманска држава. Не сакам војска да ме чува во мојот град. Не сакам да гледам луѓе што бегаат без причина, не сакам да го трпам ова, казната ќе биде голема”, викаше тој додека автомобилот со голема брзина „леташе“ низ мигрантскиот камп.

На излезот од кампот, тој застана и излезе пред двајца вооружени војници.

„Нема да го спуштам телефонот, ќе снимам во живо. Не сакам мојата девојка да биде нападната од мигранти во Обреновац! Не сакам мојата војска и мојот народ да чуваат мигранти! Не сакам православието да им го отстапам на муслиманите и нема да го дозволам тоа, верувајте ми!“, викаше тој кон војниците.

Во инцидентот никој не е повреден, а Ф.Р набрзо потоа бил уапсен од полицијата.

Погледнете го насилниот упад:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот