Србин се удавил во Австралија додека ја спасувал шестгодишната ќерка

Трагедија во Австралија, Србин се удави додека ја спасуваше својата ќерка/ Фото: МИА

Бранко Радуловиќ (49) се удави на популарна плажа во Аделаида, Австралија, обидувајќи се да ја спаси својата шестгодишна ќерка, која брановите ја однесоа од брегот, пишува Нова.рс.

Очевидци велат дека девојчето било во гумен чамец, кога брановите ја однеле од брегот, а Бранко облечен влетал во водата за да ја спаси.

Мајкл Нејпер (70) си играл со внуците на плажа, кога здогледал маж кој влегол во водата за да ја спаси ќерка си.

“Трчав да го фатам. Пред да стигнам до него, девојката скокна од чамецот во неговите раце. Тој се обидуваше да ја спаси во длабока вода”, рекол тој, додавајќи дека потоа силен ветер го разнел гуменот и дека тој успеал да го стави девојчето на даска за пливање.

Кога успеав да стигнам до него, тој веќе беше под вода. Тогаш неговото тело исплива и тоа беше моментот кога му ги фатив панталоните и го свртев така што лицето му беше над водата – додал тој.

Бранко бил без свест кога тој и неговата ќерка со помош на посетителите на плажата биле извлечени од водата.

Мислам дека можев порано да стигнам до нив и жал ми е што не стигнав“, рекол Мајкл. Семејството и пријателите се простиле преку социјалните мрежи од посветениот татко кој го дал животот за животот на својата ќерка, пренесуваат медиумите.

 

Видео на денот