Србин од Кенија: 50 милиони луѓе ги почитуваат воведените мерки

Фото: EPA-EFE/Daniel Irungu

Официјалниот број на заболени во Кенија е 158, починати се 16 лица, а излечени се четири, но применети се многу рестриктивни мерки, за ширењето на коронавирусот да се држи под контрола.

Стефан Топаловиќ од Белград кој веќе неколку години живее со фамилијата во Најроби, рекол дека владата на Кенија ги вовела неопходните мерки за да го запре ширењето на коронавирусот.

Некои од тие мерки се забрана за движење од 19 часот до 6 наутро, укинат е градскиот и меѓуградскиот превоз и затворени се трговските центри.

Официјалниот број на заболени во Кенија е 158, починати се 16 лица, а излечени се четири, но применети се многу рестриктивни мерки, за ширењето на коронавирусот да се држи под контрола.

„Граѓаните се многу дисциплинирани, иако сите, без исклучок, се уплашени за своето здравје и живот, како и за на блиските“, вели тој за Танјуг.

„Банките обезбедија проток на пари онлајн и на банкоматите. Аптеките, продавниците и пекарите работат со полни капацитети. Засега нема недостиг на намирници и делува дека ќе има доволно од се што ни е потребно“, додава Стефан.

Неговата сопруга Андреа моментално се наоѓа во Белград.

„Требаше да дојдам во мај, па заедно да се вратиме во Најроби, но нашите планови засега, се одложени. Жал ми е што не сум со нејзе сега кога сум и најпотребен“, вели Стефан и додава дека се надева дека се ќе заврши побрзо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот