СРБИН ДОБИ ДОЖИВОТНА КАЗНА ЗАТВОР: Бегајќи од полицијата во Германија покосил студентка на пешачки!

Србинот Милинко Р. (28) кој додека бегал од полицијата ја покосил студентката Јохана Хан, во четвртокот во Берлин е осуден на доживотен затвор за двоструко убиство пренесува Курир.рс.

Според германските медиуми, Милинко минатата година, ја удрил девојката со автомобил, по што таа починала, но загинал и совозачот кој бил со него во автомобилот. Не му е простено ни пребрзото возење и бегство од полицијата.

Мајката на настраданата студентка после судењето изјавила дека и олеснало откако слушнала дека правдата е спроведена.

„Сега може сите да продолжиме понатака, а нашата ќерка да почива во мир“ рекла таа за локалните медиуми.

Несреќата се случила минатата година додека девојката возела велосипед, а на неа налетал автомобил.

Според германските медиуми тој се движел со брзина од 80 километри во зона каде е дозволено само 30. Откако забележал дека полиција го следи, поминал на црвено и удрил во девојката, како и во уште неколку автомобили.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот