Србија: За три и пол години, 737 лица се пријавени за сексуално вознемирување, 95 се осудени

Фото: ЕПА/ЕФЕ

Од 1 јуни 2017 година, кога стапија на сила измените и дополнувањата на Кривичниот законик, со кои се воведе кривично дело „сексуално вознемирување“, до 31 јануари годинава за тоа дело во Србија биле пријавени 737 лица, а во тек се 589 истраги, денеска изјави министерката за правда, Маја Поповиќ.

На тематскиот дијалог за предлозите за измени и дополнувања на законот за забрана на дискриминација, Поповиќ изјави дека се поднесени 136 обвиненија за сексуално вознемирување и дека судовите донеле 95 пресуди.

– Жените често се двојно дискриминирани, бидејќи тие се доминантни жртви на семејно и партнерско насилство и често остануваат во насилно опкружување токму од економски причини, рече министерката.

Извор: Бета.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот