Во Србија за 24 часа починале 67 лица, близу 4.000 новозаразни

Ковид клиника Србија
Ковид клиника во Србија. / Фото: ЕПА

Коронавирусот во Србија во последните 24 часа е потврден кај 3.822 лица, а истовремено како последица на овој вирус починале 67 пациенти. Тестирани се 16.294 лица.

На респиратор се приклучени 276 пациенти.

Од почетокот на епидемијата тестирани се 6.542.905, позитивни биле 1.204.902 а починале 10.722 лица.

Видео на денот