Србија возврати, го протерува Тарзан Милошевиќ, црногорскиот амбасадор во Белград

Министерството за надворешни работи на Србија соопшти вечерва дека, по повод прогласувањето на српскиот амбасадор во Црна Гора Владимир Божовиќ за персона нон грата, пристапиле на реципрочен начин, објави Танјуг.

Според дипломатската нота која МНР на Србија ја упатило до црногорското Министерство за надворешни работи, амбасадорот на Црна Гора во Белград, Тарзан Милошевиќ е прогласен исто така за персона нон грата.

Црна Гора го протера српскиот амбасадор Божовиќ

Во нотата во која Танјуг имал увид, се наведува дека врз основа на член 9. од Виенската конвенција за дипломатски односи, амбасадорот Милошевиќ се прогласува за персона нон грата.

„Амбасадорот Милошевиќ е должен во наредните 72 часа да ја напушти територијата на Република Србија“, се наведува во нотата.

Се додава дека МНР на Србија ја искористило приликата на МНР на Црна Гора да му ги повтори изразите на своето посебно почитување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот