Србија во вторник отвара уште едно поглавје во преговорите со ЕУ

ЕУ одлучи во вторник да отвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување на Србија во Унијата – за слободно движење на капиталот, неопходно за зајакнување на економските врски и инвестиции во Србија.

Ова за агенцијата Бета го најавија официјални лица во Советот на министри на ЕУ во Брисел, изјавувајќи дека одлуката за отворање ново поглавје во преговорите со Србија е договорена на состанокот помеѓу Комитетот на амбасадорите на постојаните претставници во ЕУ (КОРЕПЕР) и Работната група за проширување на ЕУ.

Поглавјето за слободно движење на капиталот ќе биде отворено во вторник навечер на меѓувладина конференција ЕУ-Србија, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Прочитајте и...  Народна банка: Основната каматна стапка и понудата на благајнички записи се непроменети

Претставници на српската влада претходно изразија незадоволство од отворањето на само едно поглавје, затоа што веруваат дека Србија е подготвена да отвори уште три поглавја: за слободно движење на работната сила, на транс-европски мрежи и за транспортната политика.

Извори во Брисел се на мислење дека, во моментот, тешко може да се усогласи договор за отворање на повеќе поглавја, со оглед дека во телата на ЕУ се води темелна дебата за предлозите за промена на „методологијата” на процесот на проширување на ЕУ, на барање на Франција и на неколку други членки на Унијата.

Целта на измените е процесот на проширување на ЕУ да се направи поефективен и „опиплив” за граѓаните на земјите кандидати.

Прочитајте и...  Хрватски научник: Руската вакцина е слична со онаа на Оксфорд и може да се покаже ефикасна

Оваа промена во методологијата, изјавија за Бета официјалните претставници на Европската комисија и на некои влади на ЕУ, „не мора но и може да опфати и кандидати за членство кои веќе преговараат со Унијата, доколку взаемно се заклучи дека тоа е корисно и целоисходно.”

Промената на „методологијата” на проширувањето на која веќе работи Европската комисија треба да се усогласи до мајскиот самит ЕУ-Западен Балкан во Загреб.

Прочитај повеќе

Израел осуети кибер напад врз одбранбената индустрија

Слободен печат

Страотни сцени од Минск: Полицијата пука во народот (ВИДЕО)

Слободен печат

Вака белоруската полиција ги понижува уапсените: Крвави и помодрени, принудени да се одречат од кревање револуција (ВИДЕО)

Слободен печат

Русија планира месечно да произведе по 5 милиони вакцини против ковид-19, по цена од 10 долари за 2 дози

Слободен печат

Ангеловска демантира дека подигнала штеден депозит од Еуростандард банка по информацијата дека ќе ја изгуби лиценцата за работа

Слободен печат

Кина реагира за врските на САД со Тајван: Тие што си играат со оган, ќе се изгорат

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Најмалку 800 луѓе во светот починаа поради дезинформации за Ковид-19

Слободен печат

Од девојче кое поради црната боја на кожата никој не го дружел, до историска кандидатура за потпретседател на САД

Слободен печат

Костовски: Двојна игра на НБ, ако беа решени да не затворат, тоа требаше да го направат уште пред една година

Слободен печат

Екстремистите го зазедоа клучното пристаниште во Мозамбик

Слободен печат

Се бара исчезнатиот Ѓорѓи Дервишовски-Гоче од Тетово

Слободен печат

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Нина Ангеловска ги извадила парите од Еуростандард банка пред затворање?

Слободен печат