Србија во понеделник ќе ја отвори границата со Бугарија

Србија во понеделник на 1 јуни ќе ја отвори границата со Бугарија, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

– Србија се залага за целосна слобода и слободен проток на луѓе, капитал и услуги, апсолутно без никакви ограничувања. Ние тоа го покажавме кон сите соседи, кажа Вучиќ, одговарајќи на прашања од новинарите.

Тој истакна дека Србија ја отворила границата со Унгарија и дека „в понеделник ќе се отвори и со бугарските пријатели.”

– Ние сме подготвени. Мислам дека со БиХ и Северна Македонија тоа веќе функционира. Ние секогаш ќе се залагаме за тоа, затоа што веруваме дека тоа им носи корист на сите граѓани во регионот, а не само затоа што е тоа европско достигнување, порача Вучиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот