17 C
Скопје

Србија: Властите во Атина да го решат проблемот со влезот во Грција на српските државјани

-Што се случи, буквално за два дена, да се донесе една ваква одлука, кажа Љајиќ.

Србија побара официјален одговор од грчките власти за проблемот со преминување на нивната граница од страна на српски државјани и чека одговор.Според српски официјални лица, очигледно постојат несогласувања во грчките институции.

– Српските туристи не можат да влезат во Грција, а српската Амбасада побара објаснување за таа одлука, изјави министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ.

-Дали таа одлука важи и за државјаните на Србија, бидејќи пред само два дена, министерот за надворешни работи на Грција му вети на Дачиќ дека границите ќе бидат отворени на 15 јуни, кажа Љајиќ и додаде дека колони чекаа на влезот во Грција.

Тој исто така изјави дека пред тоа, на 19 мај, грчкиот премиер Киријакос Мицотакис истото му го ветил на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека сега Србија чека одговор и појаснување.

Прочитајте и...  Битиќи: Да не шири дезинформации еден дел од „ивент“ индустријата, има владина помош во сите пет пакети со мерки

-Што се случи, буквално за два дена, да се донесе една ваква одлука, кажа Љајиќ.

Од српската царинска управа велат дека патниците на граничниот премин Прешево, на границата со Северна Македонија, се враќаат во Србија и дека станува збор за индивидуални поаѓања, што не се организирани од туристичките агенции.

Од Бугарија во Грција можат да влезат само државјани на ЕУ, а границата меѓу двете држави се отвори точно во 11 часот, соопшти денеска Бугарската гранична полиција.

Поврзани вести

Ангелов оствари средба со синдикални претставници од КСОМ

Слободен печат

Алсат-М: Рашковски ќе гради хациенда од 800 квадрати во Побожје, а како инвеститори се заведени неговите деца

Слободен печат

Историски самит: Бајден и Путин сепак може да одржат состанок во трета држава

Слободен печат

Антикризните закони утре во Собранието на „брза лента“

Весна Тодоровска

Вакцината „Спутник В“ наскоро ќе се произведува во Србија, Иран и Италија

Слободен печат

Франција ги прекина сите летови со Бразил

Слободен печат

Остави Коментар