Србија веќе го јава четвртиот бран корона

Србија за време на ковид пандемијата/ Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Секојдневно растат бројките на новозаболени во Србија. Вчера тие објавија повеќе од 400 нови случаи на Ковид-19. Во интервју за Нова.рс епидемиологот Радмило Петровиќ и вирусологот Миланко Шеклер изјавија дека според нив Србија веќе се соочува со четвртиот бран на коронавирусот и дека бројките во земјата и понатаму ќе растат. 

„Влеговме во новиот бран. Заразени ќе има сè повеќе. Сега лабаво се креваат бројките, но за 2-3 недели тие ќе имаат побрз раст. Масовните собири можат само да придонесат на ширењето на вирусот. Забораваме дека делта сојот полесно се пренесува и дека е потребна помала количина на вирус за да предизвика болест“ вели Петровиќ во интервју за Нова.рс. 

Според него, ситуацијата во Србија ќе се влоши уште повеќе во септември, кога децата ќе се вратат во училиштата. 

Според Шеклер, јасно било дека бројките во Србија ќе растат. 

„Реков дека ќе имаме бројки кои ќе се на половина од тие во декември. Тогаш беа 8 илјади сега се 4 илјади.“ изјави Шеклер во интервју за Нова.рс. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот