Србија: Уапсена директорка во дом за стари лица со шестмина починати од коронавирус

Пензионери / Илустративна фотографија: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Директорката на домот е уапсена поради сомнение за небрежност и непреземање на пропишаните и неопходни мерки.

Во домот за стари лица „Радост“, во Неготин, Србија, досега од коронавирус починале шест лица, а се заразиле уште 49 луѓе, пренесува „Блиц.рс“.

Високиот суд во Неготин, поради оваа ситуација, издал налог за апсење на директорката на домот, Бранка П., која веќе е приведена.

Директорката на домот е уапсена поради сомнение за небрежност и непреземање на пропишаните и неопходни мерки за претпазливост и заштита од Ковид-19.

Бранка П. се товари за смртта на шестмина штитеници на домот за стари лица во Неготин.

Осомничената директорка не била уапсена порано бидејќи и самата била заразена со коронавирус и се лекувала од инфекцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот