Србија: Уапсен осомничен за грозоморното злосторство над семејството Ѓокиќ, убиецот им бил роднина?

Членовите на семејството Ѓукиќ: Горан, Лидија и Гордана / фото: Курир.рс

Српската полиција уапси осомничен за грозоморното убиство на тројца членови на семејството Ѓокиќ на почетокот на месецов, а дел од медиумите јавуваат дека се работи за роднина на убиените.

Информацијата за уапсениот осомничен е потврдена од страна на српската полиција, а полициски извори неофицијално откриваат и дека при апсењето е пронајдена голема сума пари која наводно им припаѓала на убиените Горан, Гордана и Лидија Ѓокиќ.

На имотот кој го користел осомничениот, според истите извори, пронајдени се и други предмети кои без сомнение потекнуваат од суровото убиство.

Тројцата членови на семејството Ѓокиќ беа убиени минатиот месец, а полицијата со недели трагаше по нив, откако беа пријавени како исчезнати. Тие биле на гости во село во близина на градот Алексинац, од каде доцна навечер со автомобил тргнале кон дома, но не стигнале.

Телата на убиените беа пронајдени на непристапен терен во околината, изгорени и закопани во дупка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот