Србија со рекордно ниво на породувања од почетокот на пандемијата: Најмногу новороденчиња во последните 20 години

Фото: ЕПА

На девет месеци од почетокот на пандемијата на коронавирус, во Србија е регистрирано рекордно ниво на породувања во однос на последните 20 години.

Тоа го соопшти директорот на најголемото породилиште во Белград, д-р Жељко Миковиќ за државната телевизија РТС.

– Ова утро во нашата болница се роди 7.245-то бебе, а до крајот на годината очекуваме вкупно 7.700 новороденчиња. Тоа е најголем број на новородени за изминативе 20 години, изјави тој.

На клиниката има посебно одделние за жени заразени со коронавирус и досега во тој оддел имало 91 пораѓања. Сите деца се родени здрави.

– Бебињата не можат да чекаат и прекрасно е што имаме рекорден број на бебиња родени во ваква година. Максимум е направен за мајките да бидат безбедни, како и бебињата. Обезбедени се санитарни услови, имаме доволно персонал и сите можат да се чувствуваат безбедно, објасни Миковиќ.

Тој уште напомена дека мајките можат слободно да ги дојат своите бебиња, бидејќи вирусот не се пренесува преку мајчиното млеко.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот