Србија: Со автомобил удриле во ѕид на менувачница и украле сеф со околу 17 илјади евра

Припадниците на српското МВР во Нови Сад уапсиле две лица на 22-годишна возраст и едно 26-годишно лице, поради основано сомниение дека извршиле тешка кражба. Полицијата се сомнева дека утринава во околу 5 часот со возило пробиле ѕид на менувачница и украле сеф со околу два милиони српски динари (17 илјади евра).

Тие набрзо по настанот се уапсени во околината на местото Бач каде го извршиле делото, пронајден е сефот со парите и автомобилот кој е користен за време на извршување на делото. Кај еден од разбојниците, кај кого е извршен претрес во домот, е пронајдена автоматска пушка.

Надлежните се сомневаат дека истите три лица во јануари оваа година извршиле кривично дело разбојништво, така што вооружени со автоматска пушка украле извесна сума на пари од менувачница во местото Селенча.

Тројцата осомничени се во притвор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот