Србија со 6.254 случаи на ковид-19 во последните 24 часа и 30 починати лица

Србија ковид-19/Фото: EPA-EFE/MARKO DJOKOVIC

Во последните 24 часа во Србија починаа 30 пациенти како последица на ковид-19, па вкупниот број  на смртни случаи во земјата изнесува 1.140, е наведено на интернет страницата covid19.rs.

Меѓу два дневни пресека во Србија се тестирани 19.301 лице од кои 6.254 добија позитивни резултати.

На респиратори моментно се приклучени 192 пациента додека вкупниот број на хоспитализирани е 5.803. Стапката на смртност во Србија е 1,03 отсто, а од почетокот на епидемијата се евидентирани 110.351 случај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот