Србија се „загреа“ со 126 поени пред дербито со Италија (ВИДЕО)

fiba.basketball

На тој начин со новата победа најдобрите српските кошаркари го очекуваат дербито во групата Д против селекцијата на Италија.

Србите поведоа со 5:0 со поените на Стефан Бирчевиќ, но Филипинците со серија од 9:2 направија пресврт и го натераа Ѓорѓевиќ да го побара првиот тајм-аут. После минутата одмор на теренот постојано имаше само еден тим, Србија одигра многу посериозно во нападот и со серија од 9:0 најави уште едно одлично издание.

После 10 минути игра водеше со 28:13, а во финишот на првото полувреме беше и +27 разлика, а во листата на стрелците не се запиша само Бобан Марјановиќ кој не ни доби шанса за настап. И во третата делница продолжија во ист ритам, расположениот Богдан Богдановиќ со две тројки во низа иницираше голема серија, а како што поминуваше времето, така и позитивата растеше. Во последната четвртина влегоа со неверојатни плус 51 и дури 99 постигнати кошеви.

Бјелица беше најефикасен во победничките редови со 20 поени (4/4 од игра, 3/3 за три, 3/3 од слободните фрлања), Богдановиќ постигна поен помалку (4/5 за три). Во поразениот тим се истакна Хајмар Перес со 16 поени, три помалку забележа Пол Џон Далистан.

Србија в среда ќе игра против Италија со почеток од 13.30 часот за првото место во групата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот