Србија се вади за киксот, Аргентинците бараат одмазда

Високиот пораз од Шпанија ја прати репрезентацијата на Србија по потешкиот пат до посакуваното финале и борба за титулата. Првата голема препрека за Србија е веќе денешната четвртфинална средба против Аргентина (13 ч.). Аргентинците се една од четирите репрезентации заедно со Шпанија, Австралија и САД кои имаат максимален учинок на Светското првенство во Кина.

Во четвртфиналната пресметка и двете репрезентации влегуваат со свои желби, Аргентинците бараат одмазда за поразот од СП 2002 година кога во финалето беа поразени токму од Србија, додека нивниот противник сака да покаже дека поразот од Шпанија беше само лош ден.  Аргентинците предводени од ветеранот Луис Скола играат фантастична кошарка, едноставна, брза со многу отворени шутеви кои им донесоа пет победи на Мундобаскетот.

Прочитајте и...  Се сеќавате ли на „кражбата“ која целосно го промени италијанскиот фудбал? (ВИДЕО)

– Сè уште ме боли поразот од Србија во финалето на СП во Индијанаполис. Имавме неверојатна генерација предводена од Ману Џинобили, Фабрисио Оберто, Андрес Ночиони но загубивме. И јас бев дел од тоа епско финале и сега сакам одмазда – вели ветеранот кај „гаучосите“, Луис Скола.

Од друга страна, Србија која пред стартот на СП беше прв фаворит за титулата поради отсуството на најголемите НБА ѕвезди кај САД, но во првиот вистински тест, со Шпанија, Србите потклекнаа.
Затоа тие планираат да се „вадат“ против Аргентина, бидејќи влогот е пласман во полуфиналето и место на Олимписките игри во Токио.

– Свесни сме дека влогот е преголем денеска но ние сме подготвени за предизвикот. Поразот од Шпанија иако е лоша вест, ни дојде како отрезнување, извлековме поуки и верувам дека против Аргентина ќе го видиме вистинското лице на Србија – вели селекторот Александар Ѓорѓевиќ.

Прочитајте и...  Новак и одговори на мајката на кошаркарскиот Моцарт: Се надевам дека наскоро ќе се запознаеме

Последниот дуел меѓу Србија и Аргентина на едно големо натпреварување се одигра на СП во Турција во 2010 година, кога Србите славеа во последното коло од групната фаза со 84-82 и го освоија првото место во групата.

Во второто четврфинале, Шпанија е огромен фаворит против најголемото изненадување на Мундобаскетот, Полска.

Прочитај повеќе

Годишен форум на тренери во организација на ФФМ

Слободен печат

НЕВЕРОЈАТНА ПОНУДА: Арапите нудат 400 милиони фунти за борба помеѓу Џошуа и Фјури

Слободен печат

Порно ѕвезда открива дека фудбалер и праќал приватни пораки (ФОТО)

Слободен печат

КРАЈ ЗА РУСКАТА УБАВИЦА: Марија Шарапова ја заврши кариерата

Слободен печат

Најголемото хрватско дерби пред празни трибини поради коронавирусот?

Слободен печат

Откажување или одложување: Коронавирусот им се заканува на Олимписките игри?!

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

„Граѓаните“ поднесоа жалба во Лозана за одлуката на УЕФА

Слободен печат

Еден од најдобрите боксери-тешкаши умре од смеа кога го слушна оправдувањето на Вајлдер (ВИДЕО)

Слободен печат

Сензацијата на Баерн со неверојатна животна приказна: Роден во камп за бегалци и трча побрзо од дозволената брзина за возење во Лондон

Слободен печат

Солскјер останува на клупата на Јунајтед и наредната сезона

Слободен печат

Новак и одговори на мајката на кошаркарскиот Моцарт: Се надевам дека наскоро ќе се запознаеме

Слободен печат

Леброн на комеморацијата за Коби барал само една работа

Слободен печат