Србија распореди војска пред Центарот за мигранти во Обреновац

Оклопно борбено возило и поголем број на припадници на воената полиција на војската на Србија се распоредени во Центарот за згрижување на мигранти во градот Обреновац.

Причина за засилувањето на безбедносните мерки е инцидентот кој пред три дена се случи во овој центар, кога две големи групи на мигранти, физички се судрија по што , конфликтот прерасна во масовна тепачка.

Дел од мигрантите ја обвиниле другата група бегалци  дека им ги крадела личните предмети, по што дошло до жестока физичка пресметка.

Инцидентот дополнително ескалираше откако за време на физичката пресметка биле нападнати и повредени вработените од Комесаријатот за бегалци. Овие цивилни преставници биле повредени, а гневната група на мигрантите целосно ја демолирале амбулантата, просториите на центарот како и две возила на Комесаријатот.

Во расчистување на инцидентот, српската полиција уапсила 40 лица, повеќето Авганистанци, и според најавите, планира наскоро да ги екстрадира надвор од Србија.

По овој инцидент, српските власти ги зголемија мерките за безбедност и распоредија припадници на воената полиција која во иднина ќе се грижи за редот и мирот во овој мигрантски центар.

Инаку мигрантскиот центар во Обреновац е поранешен воен објект кој е пренаменет за згрижување на мигрантите од Сирија Ирак, Авганистан и неколку африкански држави.

Голем број од мигрантите кои се згрижени во овој пренаменет воен објект, досега се жалеа на условите кои ги имаат за време на претстојот. И самите власти соопштија дека во просториите се згрижени три пати повеќе бегалци, од бројката која објектот може да ја прими, но се надеваат дека,  наскоро дел од мигрантите ќе бидат екстрадирани назад во земјите од каде доаѓаат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот