Србија: Просечната нето-плата во август годинава била 64 639 динари

Српски динари / Фото: Архива на „Слободен печат“

Просечната плата (бруто) во Србија, пресметана за август годинава, изнесува 89 202 динари, или 46 741 денари, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) е 64 639 динари, односно 33 870 денари, објави денеска Републичкиот завод за статистика, а пренесе Бета.рс.

Растот на бруто-платите во периодот јануари-август годинава, во однос на истиот период лани, номинално изнесува 8,5 отсто, а реално 5,6 отсто, а во исто време нето-платите номинално се зголемени за 8,7 отсто. и за 5,8 отсто реални.

Споредено со истиот месец лани, просечната бруто-плата за август годинава е номинално повисока за 10,3 отсто и реално за 5,8 отсто, додека просечната нето плата номинално е повисока за 10,5 отсто, односно за 5,9 отсто реални.

Просечната нето плата за август годинава изнесува 49 933 динари, или 26 164, што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до наведената сума.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот