Фото: Milos Miskov / AFP / Profimedia

Србија: Приведен е сопственикот на гаражата во која се задушија тинејџерите Давид и Нина

Нина Пауновиќ (15) од српскиот град Рашка и Давид Вукадиновиќ (17) од блиското место Супње, на 18 јануари по полноќ се задушиле во автомобил паркиран во гаража. Телата на починатите тинејџери, кои според информациите се отруле со јаглерод моноксид од издувните гасови, околу три часот утрото биле пронајдени во гаража во сопственост на Н.М., кој подоцна бил приведен, објави „Блиц“.

Момчето и девојката наводно биле во врска, а во автомобилот „Фолксваген поло“ влегле за да се стоплат, при што ја направиле кобната грешка и го запалиле во затворената гаража, пишуваат српските медиуми.

Лекарите од Итната помош во Здравстениот дом во Рашка можеле само да ја констатираат смртта.

Рашка и околината ги потресе незапаметена трагедија, откако ден претходно почина уште едно момче, на возраст од 15 години, од местото Јошаничка Бања. Тинејџерот претходно неколку дена се борел за живот по трагична несреќа со трактор. Општината Рашка прогласи дводневна жалост денеска и утре (20 и 21 јануари) поради смртта на тројцата млади.

Трагедија во Србија: Момче и девојка се задушија во гаража – Давид и Нина имале само 17 и 15 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот