СРБИЈА ПОД ВОДА: Воведена вонредна состојба

Во Србија воведена е вонредна состојба од поплави на територија на цела земја, пренесуваат српските медиуми.

Пет лица биле евакуирани поради поплави уште синоќа во околината на Краљево и Чачак, а автобус со 15 лица, кој поради обилни дождови се заглавил на патот Краљево-Крагујевац, успешно е извлечен, пренесуваат српските медиуми

Три лица биле евакуирани во околината на Краљево, а две во местото Вича кај Чачак, информираат од тамошното МВР.

Сопоред последните информации, селото Вича, во општината Лучани, речиси целосно било под вода, а како што пренесува курир.рс многу села од западниот дел на Србија исто така се зафатени со страшни полави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот