СРБИЈА ОДИ НА ИЗБОРИ ВО МАРТ СЛЕДНАТА ГОДИНА: Вучиќ вети дека ќе донесе чисти, неизвалкани луѓе

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Српската напредна партија (СНС) Александар Вучиќ вечерва најави, по седницата на Претседателството на партијата, дека на изборите кои најверојатно ќе се одржат на крајот на март, ќе излезе со најмалку 20 отсто нови лица од партијата, за кои граѓаните ќе одлучат на избирачките места.

Вучиќ на прес-конференцијата пред новинарите рече дека Претседателството одлучило пратеничките и локалните листи да ги водат млади луѓе.

– Сакаме да воведеме неизвалкани, чисти луѓе. Секој од нас, не по своја кривица, колку и да му е чист образот, поради валканат кампања остави траг зад себе. Затоа е важно да донесеме свежа крв, млади луѓе кои можат да продолжат со добро темпо и во насока која може да донесе подобра иднина и добри резултати – рече тој, додавајќи дека тоа е официјална одлука на Претседателството која ќе бара потврда на Главниот одбор.

Според Вучиќ, лидерите анализирале низ што се минала партијата, се разгледувле и прашањата околу Косово, и на какви странски влијанија била изложена Србија за зачувување на слободата.

Претседателот на Србија додаде дека не сака, за разлика од нив, да зборува ништо лошо за неговите коалициски партнери, како и дека целите на неговата партија се јасни и недвосмислени – да излезат на избори кои ќе се одржат на крајот на март.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот