Србија: Од загаден воздух годишно умираат 3.600 луѓе

Фото: Телеграфи

Шефот на канцеларијата на Светската здравствена организација за Србија, Маријан Ивануша рече дека годишно умираат 3.600 луѓе како резултат на ефектите од загадувањето на воздухот во таа држава.

Ивануша за РТС изјави дека загадениот воздух може да влијае на кардиоваскуларните и белодробните заболувања, но сето тоа зависи од тоа колку време е загаден воздухот и колку долго некој е изложен на загадување.

Според податоците и анализите на СЗО, седум милиони луѓе умираат годишно од загадување на воздухот ширум светот, од кои половина милион луѓе во Европа. Се проценува дека 3.600 луѓе годишно умираат во Србија, како резултат на честици од 2,5 микрони.

Минатиот викенд во Србија беше обележан со зголемено загадување на воздухот, особено во Белград, Нови Сад, Суботица, Косјериќ, Ниш, Ваљево.
Експертите велат дека емисијата на загадувачи не е зголемена, но атмосферските услови придонеле за големо загадување, јавија српски медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот