Србија од следната година воведува задолжителен воен рок? – Слободен печат
ВестиРегион

Србија од следната година воведува задолжителен воен рок?

Аналитичарот Александар Радиќ смета дека треба да се најде адекватен модел кој ќе и одговара на Србија и на времето во кое живееме.

Сѐ погласни се шпекулациите дека од следната година соседна Србија ќе воведе задолжително служење на воен рок, информираат српските медиуми.

Како што пренесува Телеграф.рс, воениот аналитичар Мирослав Лазански рекол дека на Србија и недостига војска, бидејќи професионалните војници сега имаат повеќе од 30 години и не можат физички да одговорат на своите задачи.

– На Србија и недостига обучена резервна војска и воена армија. Во сите досегашни судири се покажа дека војниците кои отслужиле воен рок се најдобри – изјавил Лазански.

Според него, Србија најверојатно ќе го задржи комбинираниот систем, според кој дел ќе бидат професионални војници, дел војници по договор, а дел војска која служи задолжителен воен рок.

Аналитичарот Александар Радиќ смета дека треба да се најде адекватен модел кој ќе и одговара на Србија и на времето во кое живееме.

–-Немаме ниту пари, ниту услови тоа да се прави како некогаш, додека постоеше ЈНА. Јас се залагам за задолжителен воен рок, но не за сите, туку за одреден број луѓе. Никој никого не може да натера да оди во војска, но момчињата кои доброволно ќе се согласат да служат воен рок да не прават маргинални работи како до сега, како чистење дворови – изјавил Радиќ за српските медиуми.

Тој додал дека доколку повторно се воведе задолжително служење воен рок тоа ќе се однесува на момчињата од 18 до 26 години и не би имало ретроактивно повикување.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close