Србија: Нови законски измени, се укинуваат браковите за деца

Фото: МИА

Со најновите измени на Законот за семејство во Србија ги укинуваат браковите за деца, а кривични санкции ќе бидат изречени за родители кои ги уредуваат и склучуваат договор за тие бракови, објави „Политика”.

Кривични санкции ќе бидат изречени и за возрасни ако започнат да живеат заедно со малолетник, изјави за „Политика” специјалниот советник на министерот за труд Драган Вулевиќ.

„Свесни сме дека измените со законот нема да се спречи тој феномен, но мора да нагласам дека ќе бидат предвидени кривични санкции за родители кои дозволуваат или договорат вакви бракови, но и за возрасни ако започнат да живеат заедно со малолетник”, рече Вулевиќ.

Во Србија секоја година се прават околу 2.000 бракови и досегашниот закон им понуди на многу родители „алиби за продажба на деца”.

„Според постојниот закон, дете над 16-годишна возраст може да стапи во брак врз основа на судска одлука во вонпроцесна постапка, со мислење на центарот за социјална работа за остварена психо-физичка подготвеност. Со измените на законот се укинува таква можност и брак во иднина ќе може да склучат само возрасни”, вели Вулевиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот