Србија не знае за пораз на подготовките, Фурние ја реши Италија

фото: еуробаскет

Репрезентацијата на Србија продолжува да реди победи на подготовките пред стартот на Мундоибаскетот во Кина. Последнас жртва на избраниците на Александар Ѓорѓевиќ е Нов Зеланд кој е совладан со 88:78.
Никола Милутинов со 19 поени беше најпрецизен во редовите на Србија, а два поени помалку даде Бобан Марјановиќ, додека кај Нов Зеланд со 16 поени се истакна Тај Вебстер.

Последниот натпревар пред стартот на СП во Кина (31 август – 15 септември), кошаркарите на Србија ќе го имаат задутре кога ќе играат и против Франција.

Франција денеска благодарение на Еван Фурние со 82:80 ја совлада Италија. Во текот на целиот натпревар Французите беа во водство но не успеаја да направат некоја поголема разлика, напротив во финишот, со неколку поени на Луиџи Датоме, Италија ја врати резултатската неизвесност и донесе завршница со многу прекршоци и слободни фрлања.

Во таква ситуација, подобро се снајдоа кошаркарите на Франција и на крајот успеаја да победат. Фурние со 29 поени, од кои дури 21 даде во второто полувреме е најзаслужен за трумфот, додека кај Итлаијанците, Марко Белинели постигна 20 поени.

Големо изненадување приредија кошаркарите на Венецуела кои со 71:68 беа подобри од Турција која на овој натпревар играше без Вилбекин и Илјасова.

Чешка не дозволи изненадување и со 97:89 ја совлада Јужна Кореја и тоа благодарение на одличната игра на Томаш Саторански и неговите 21 поен.

Тунис предводен од натурализираниот Американец Мајкл Рол (19 поени) со 78:76 ја победи Јапонија која пак настапи без својот најдобар играч Руи Хачимура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот