Србија не искористи три меч топки за полуфинале во Дејвис купот
Денеска во четвртфиналниот меч најдобрите тенисери на Србија загубија со резултат 2:1 од репрезентацијата на Русија.
Одлучувачкиот поен за Русија го донесоа Карен Хачанов и Андреј Рубљов кои во двојки со 6:4, 4:6, 7:6 (10:8) триумфираа против вториот светски рекет Новак Ѓоковиќ и Виктор Троицки.
Во драматичниот тај-брејк на третииот сет, српските тенисери не искористија три меч топки. Ѓоковиќ во дубл играше наместо Јанко Типсаревиќ кој сега и официјално ја заврши кариерата.
Претходно во сингл, Рубљов беше подобар од Крајиновиќ (6:1, 6:2), а Ѓоковиќ од Хачанов двапати со 6:3.
Така, веќе е формирана првата полуфинална двојка во Дејвис куп натпреварувањето, Русите за пласман во големото финале ќе игра со Канада која претходно со 2:1 ја елиминираше Австралија.
Втората полуфинална двојка ќе се дознае после одигрувањето на останатите две четвртфинални средби меѓу Велика Британија-Германија и Аргентина-Шпанија.