СРБИЈА НЕ Е ПОВЕЌЕ ДАНОЧНА ОАЗА: ЕУ ја отстрани земјата од „сивиот список“

Министерскиот совет на ЕУ ја отстранува Србија од „сивиот список“ на даночни засолништа во Европа, бидејќи е утврдено дека земјата ги исполнила сите обврски од областа на даночната соработка и ги има спроведено сите неопходни реформи пред време за да ги почитува принципите на ЕУ за добро управување со даноците.

Во образложението на одлуката се наведува дека на 30.08.2019 година Србија ја ратификувала Конвенцијата за организација на економска соработка и развој (OECD) за мултилатерална административна соработка (MAC), објавено на официјалната веб-страница на Советот на Европската унија.

„Сивиот список“ на ЕУ, во кој има земји кои имаат несоодветни даночни стандарди, но се обврзаа да ги променат барањата по потреба, при што беа отстранети и Маурициус, Костарика и Албанија, оставајќи околу 30 други јурисдикции на списокот.

Министрите за финансии на ЕУ, исто така, се согласија да ги отстранат Обединетите Арапски Емирати и Швајцарија од списокот на земји што се сметаат за даночни засолништа.

Во декември 2017 година, Европската унија изготви „црн“ и „сив“ список на даночни засолништа, откако ги откри сложените маневри што ги користат компаниите и богатите лица за да ги намалат своите даночни обврски.

Место на списокот на „црни места“ за земји значи лоша репутација и построги контроли во трансакциите со ЕУ.

Емиратите се отстранети од списокот откако во септември усвоија нови оф-шор регулативи, соопшти ЕУ.

Јуриздикциите што остануваат на „црната листа“ се Белизе, Фиџи, Оман, Самоа, Тринидад и Тобаго, Вануату и три територии на САД – Американска Самоа, Гуам и американските Девствени острови.

Насловна фотографија: Патрик Канон

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот