Србија: Мртва девојка чувана во багажник со денови

Полицијата после повеќечасовна потрага во багажникот на еден автомобил, на паркинг во Нов Белград, синоќа, го пронајде телото на 28-годишната Милица С. Нејзиното момче незнаело што да прави со телото кое го чувал неколку дена во неговиот стан, па се јавил на своите другари да му помогнат да се ослободи од неа, па заедно го префрлиле трупот во багажникот од неговото возило, пишува српски „Блиц“.

Полицијата за овој настан е информирана по дојава од сведоци кои виделе дека три мажи од зграда изнесуваат тело, веднаш реагирале, а станарите кажале дека со денови се ширела лоша миризба.

Во станот имало траги од крв, а полицајците во станот го пронашле и телефонот кој и припаѓал на Милица С.

Она што ја шокирало полицијата е тоа што во телефонот имало слики од искасапено тело, но сè уште не е утврдено од каде потекнуваат. Во лифтот од зградата, исто така, се пронајдени траги од крв.

Никола К. е приведен и одреден му е 48- часовен притвор. Тој на полицијата кажал дека Милица често доаѓале во неговиот стан и дека пред неколку дена се предозирала и починала.

Никола раскажал дека не знаел што да прави со неа, дека не смеел да повика полиција, ниту брза помош, па затоа го чувал нејзиното тело во станот со денови, а кога почнала да се шири непријатна миризба ги повикал пријателите да му помогнат да се ослободи од телото, пишува српски „Блиц“.

Нејзиното тело е предадено на обдукција, која треба да утврди како починала девојката, па потоа ќе биде утврдено и за кое дело ќе одговара нејзиното момче.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот