Србија може да започне со производство на руската вакцина за шест месеци: Би имале доволно вакцини за нас и за целиот регион

Фото: EPA-EFE/Bolivian Ministry of Foreign Affairs / HANDOUT MANDATORY CREDIT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Србија наскоро би можела да започне со производство на руската вакцина „Спутник V“, а како што најави српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, за тоа ќе се знае повеќе до крајот на неделата, бидејќи тим на руски експерти најави посета на Институтот „Торлак“ во четврток.

Како што изјави Лончар, тоа би значело дека Србија би можела да произведува вакцини и за своите, но и за потребите на регионот, а процесот на првата фаза би можел да започне веќе за два до три месеци.

– Под прва фаза подразбирам дека ќе дојдат поголем дел од готовите супстанци тука, а потоа ние ќе изработиме еден мал дел, ќе го спакуваме, спремиме за употреба, обележиме и ќе ги направиме сите неопходни контроли, рече Лончар.

Како што рече тој утринава, после првата фаза, за шест-седум месеци, во „Торлак“ би можела да започне и самото производство на вакцини против коронавирус.

– Тоа би значело дека би имале доволно вакцини и за нас и за целиот регион, рекол Лончар откако утринава ја примил втората доза на вакцината.

Извор: Блиц.рс

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот