Србија ќе учествува со 5-10% во изградбата на унгарска нуклеарна централа

Фото: buducnostsrbijeav / screenshot

Српскиот претседател Александар Вучиќ му понудил на унгарскиот премиер Виктор Орбан Србија да учествува со пет до десет проценти сопственост во изградбата на унгарската нуклеарна централа во Пакс и најави дека Белград ќе биде дел од единствената берза на електрична енергија со Словенија и Унгарија, пренесува хрватски Индекс. 

Државните делегации на двете земји денеска се сретнаа во Будимпешта и потпишаа низа билатерални договори, при што беше истакнато дека унгарско-српските односи се на „највисоко историско ниво“ и дека двете земји имаат заеднички интереси во енергетскиот сектор, инфраструктурата и транспортот.

„Побарав од Орбан да ја разгледа можноста за купување на пет или десет отсто од сопственоста во унгарската нуклеарна централа Пакс – нашиот удел би бил околу 150 милиони евра“, изјави Вучиќ по заедничките средби и разговори со Орбан.

Тој оцени дека енергетската диверзификација е „многу лековита“, вклучително и проекти за натамошно издавање на складишта за гас, во време кога се очекуваат големи проблеми во снабдувањето со електрична енергија низ Европа.

„И затоа сакаме да изградиме што повеќе бензински пумпи“, рече Вучиќ, потсетувајќи на неговите разговори со азербејџанскиот претседател Илхан Алиев за испорака на азербејџански гас за Србија.

Можно е и Унгарците да влезат заедно со нас за да можеме заеднички да го финансираме и да користиме струја (од гасни централи)“, рече Вучиќ.

„Една успешна Србија ја зајакнува Унгарија“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан посочи дека двете земји треба да се обидат да ги надоместат пропуштените можности во историјата бидејќи Унгарија сака да биде богата и со нетрпение очекува да има земја со исти амбиции во соседството.

„Успешна Србија ја зајакнува Унгарија и ја зголемува нашата вредност. Во наш интерес е Србите да бидат успешни и да станат богати исто како нас. Тоа е нашиот заеднички став кон иднината“, рече Орбан.

Тој рече дека Унгарија со енергија се снабдува од Србија.

„Разговаравме за други инвестиции во снабдување со гас, складирање гас и снабдување со електрична енергија. Заедничката берза за електрична енергија ќе почне да работи наскоро“, рече Орбан.

Унгарија ја потврди својата посветеност и поддршка на Србија во европските интеграции.

„За нас сите проекти со вас – во енергетиката, транспортот, економијата, полициската и воената соработка и меѓусебната поддршка на политичката арена се од големо значење. Ви благодариме Викторе“, рече Вучиќ.

Пријателство и заеднички планови, Вучиќ присуствуваше на вечерата организирана од Орбан

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот