Србија ќе остане без руска нафта, поради неа ЕУ не го иззема Западен Балкан од санкциите

Фото Архива

Европската унија подготви нов пакет санкции против Русија, а во последниот текст на предлогот, повеќе не се спомнува исклучок за Западен Балкан од казнените мерки поврзани со руската нафта.

Ова значи дека од 1 ноември Србија повеќе нема да може да се снабдува со руска нафта преку Јадранскиот нафтовод. Според првичниот план, Србија беше изземена од мерките, а решението беше нафтата да ја увезува преку нафтоводот низ Хрватска.

Во исто време, поради одбивањето на властите во Белград да се приклучат кон европските санкции против Русија, сите земји од Западен Балкан повеќе нема да смеат да увезуваат нафта и деривати од Русија.

„Србија не воведува санкции кон Русија, па затоа не треба да има корист од изземањето. Со овој став се согласни земјите-членки на ЕУ“, вели дипломатски извор од ЕУ за Радио Слободна Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот